Списокот со ривалите на Македонија во разигрувањето за пласман на СП во Катар ќе биде познат по компетирањето на квалифиакциите во евро-зоната

Шкотска, Португалија, Шведска, Русија, Полска, Италија или Швајцарија, Финска или Украина, Велс или Чешка, Норвешка или Турција…, се можните противници на Македонија во бараж пресметката за пласман на Светското првенство 2022 во Катар. Комплетниот список со ривалите на Македонија за разигрувањето по кои ќе бидат познати сите 13 патници на СП од евро-зоната ќе биде позната по комплетирањето на групните натпреаврувања кои се играат денеска и утре.

Ждрепката за групуте, три со по четири селекции, од кои само победниците ќе одат на мундијалската завршница во Катар, е закажана за 26. ноември од 17 часот во Цирих. Двата натпреаври од групите, полуфинален и финален ќе се играат на 24/25 март, однсоно 28/29 истиот месец.

Разигрувањето ќе се игра според новиот модел на ФИФА, нешто слично како и во плеј-офот од Лигата на нации за пласман на ЕВРО 2020, во кој вкупно 12 селекции (10 второпласирани од квалификациските групи и плус уште две репрезентации од Лигата на нации) ќе бидат поделени во три групи по четири репрезентации.

Притоа со ждрепката од Цирих ќе биде одредена во која група ќе е Македонија заедно со уште три селекции. Репрезентациите пред ждрепката ќе бидат поделени во две групи по шест – носители и неносители. Тоа ќе се одлучува врз основа на ефектот од квалификациите, но Македонија ќе биде меѓу неносителите, што значи полуфиналето од баражот ќе го игра на теренот на противникот кој ќе биде од листата носители. Ако триумфира во полуфиналето македонската репрезентација може финалниот натпревар за пласман на СП 2022 да го игра на домашен терен, што ќе биде одредено исто така на ждрепката на 26. ноември.

Треба да знаете
Последни објави