По само една сезона одиграна во редовите на македонскиот и двократне европски ракометен првак Вардар, францускиот пивот Жереми Тото во јуни ќе се преслеи во Нант. Од следната сезона, Тото ќе ги брани боите на францускиот Нант, како замена за српскиот интеранционалец Драган Печмалбек, кој се пресели во Веспрем. Тото со францускиот тим потпиша тригодишен договор до јуни 2025.
-Среќен сум што ќе играм за Нант, тоа е клуб кој одлично се вклопува со моите вредности и темперамент. Станува збор за амбициозен клуб кој веќе и се прослави на меѓународната сцена. Освен тоа Нант е клубот со најдобрата публика во Франција. Фантастично е да се игра таму, затоа и избрав да потпишам за Нант, изјави Тото.



