Панчев: Македонија го постигна најголемиот квалификациски успех, а Србија беше „шлагот на тортата“

Македонската фудбалска репрезентација иако треба да направи упте два чекори за да избори историски настап на завршницат од СП, со триумфот над Исланд (3Ч1) и освоенот второ место во групата Ј што и обезбедува за првпат разигрување за да биде во друштво на најдобрите селекции на мундијалот во Катар, со овој потфат ги освои симпатиите во регионот и пошироко. Постигнатиот резултат си најде заслужено место во медиумите од регионов, а посебно во земјите од поранешнатра Југославија. Синоќа покрај Македонија во баражот, директен пласман на СП во Катар, обезбедија Хрватска и Србија.

Поранешниот македонски репрезентативец, играчот на векот во Македонија, легендата на скопски Вардар и белградска Црвена звезда, освојувачот на „златната копачка“ во Европа, Дарко Панчев има свој комента за овие постигнувања на фудбалски план за селекциите од екс-Југославија.

-Реков веднаш по натпреаврите дека вчерашниот ден беше за уживање во екс-ју фудбалот. Сè започна со Хрватска, која имаше тежок натпревар, но успеа да оствари пласман на СП. Потоа, Македонија го постигна најголемиот успех кога се во прашање квалификациите и пласманот во бараж, а „шлагот на тортата“ беше пласманот на Србија – рече Панчев.

Хрватите во Сплит благодарение на автоголот на рускиот репрезентативец Кудрјашов стасаа до потребната победа во меѓусебната пресметка со Русија и го обезбеди местото на СП.

Македонија во Скопје со головите на Елмас иАлиоски триумфираше над Исланд, а Србите направија пресврт во Лисабон против Португалија (1:2) со погодоците наТадиќ и Митровиќ.

Треба да знаете
Последни објави