Победата на Македонија над Исланд го расплака романскиот селектор

Репрезентацијата на Романија не ја искорсит пол-позиција во мундисјалската квалифиакциски група Ј од која влез во последните две кола. Романија беше второпалсирана со бод предност пред Македонија и и беа потребни две победи да ја задржи таа позиција за да си обезбеди бара за пласман на СП-2022. Не го шпобеди Исланд пред своите гледа чи (0:0), а тоа го искористи макеоднската фудбалска репрезентација и заслужено со два триумфи, на гости наде Ер,менија 90:5) и со Исланд во Скопје (3:1) во последното коло испиша нова старница во својата фудбалска историја. За првпат ќе игра во баражаот за пласман на СП.

Селекторот на Романија, Мирел Радои откри дека плачел во соблекувалната кога дознал за победата на Македонија.

-Оваа прес-конференција за мене ќе биде последна како селектор на Романија. Не успеавме да бидеме втор и за мене работите се јасни. Нема да го продолжам договорот кој ми истекува на крајот на месецот. Воопшто не ми беше лесно, плачев во соблекувалната кога дознав за победата на Македонија, изјави Радои по вчерашната победа на Романија со Лихтенштајн во последното коло од групата Ј.

Треба да знаете
Последни објави