(Видео) Јокиќ по одработената казна продолжува да блеска во редовите на Денвер

Српскиот кошаркарски интеранционалец во НБА-лигата, Никола Јокиќ по одработената казан од еден натпревар неиграње поради кошкање со противнички играч од редовите на Мајами, се врати во тимот на Денвер со блескави партии. Ноќеска одигра втор меч во кој беше најзаслужен за победта на Денвер против Портланд (124:95). Србинот Јокиќ средбата ја заврши со 29 поени, а на спротивната страна Мекалум постигна 21 поен за тимот од Орегон, за кој ова беше седми пораз во последните осум натпревари.

Ентони Дејвис беше најзаслужниот за триумфот на ЛА Лејкерс во пресметката со Сан Антонио спарс (114:106), откако средбата ја заврши со 34 поени. Лесна победа, осма во низа, остварија кошаркарите на Феникс кои немаа никакви проблеми во пресметката со Хјустон (115:89). Букер со 26 и Мекги со 19 поени беа најистакнати поединци кај „сонцата“.

Резултати: ЛА Лејкерс – Сан Антонио 114:106, Атланта – Милвоки 120:110, Шарлот – Голден Стејт 106:102, Хјустон – Феникс 89:115, Оклахома – Бруклин 96:120, Денвер – Портланд 124:95, ЛА Клиперс – Чикаго Булс 90:100.

Треба да знаете
Последни објави