Еурофарм Пелистер подготвен да го скроти изенандувањето АЕК

Македонскиот ракометен поретставник во Лига Европа, битолски Еурофарм Пелистер замина  за Атина кад утре (18.45 ч.) ќе го игра натпреаврот од третото коло во групата Д со домашниот АЕК. Битолчани ќе атакуваат на прва победа во натпреварувањето на ЕХФ, откако по двата одиграни натпреаври имаат реми и пораз. Грчкиот тим АЕК е на делба на првото место во групата со по четири бода со Спортинг, три повеќе од Е. Пелистер. Никој не очекуваше дека АЕК ќе биде толку убедлив со Татабања и уште помалку, да го покори Ним среде Франција.

-АЕК е изненадување на сезоната. Ги познававме и претходно, знаевме дека се квалитетен тим, но покажаа одлични резултати во првите две кола. Тоа не смее да нè заплашува, тоа ни дава поголем мотив. Се спремаме, ги анализираме и одиме во Атина на победа. Имаат доста нови играчи. Од тоа што го гледавме, играат брз ракомет, ризикуваат многу и не калкулираат. Сакаат да играат и нивната најголема предност е сплотеноста. Се гледа дека се екипа, но тоа ни дава поголем мотив да докажеме дека сме подобри од нив и да ги победиме“, вели Марко Кизиќ, македонскиот репрезентативен голман.

Треба да знаете
Последни објави