Фудбалската репрезентација на Србија пред решавачкиот последен квалификациски натпреваар од мундијалската група со Португалија во Лисабон за пласман на завршницата од СП-2022 во Катар, беше дополнително мотивирани со еден милион евра од преседателот на северниот сосед Александар Вучиќ. Српските фудбалери успешно ја завршија лисабонската мисијата, со гол во последната минута победија (1:2) извадија билет за Катар и го освоија џек-потот од Вучиќ.
Меѓутоа српските медиуми денеска објавуваат уште еден голем потег од српските репрезентативци на чело со селекторот Драган Стојковиќ – Пикси. Тие одлучиле премијата од претседателот Вучиќ во висина од еден милион евра наместо да си ја поделата, да ја донираат на посебна сметка каде што ќе се искористат за лекување на болни деца.
Со овој нов хуманитарен гест репрезентативците и членовите на стручниот штаб освоија дополнителни симапатии кај граѓаните во Србија.



