Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со победа го стартуваше завршниот Мастерс во Торино, а во првото коло го совлада дебитантот Каспер Руд со 7-6, 6-2.
Ѓоковиќ 13-ти пат по ред го доби мечот во првото коло на Завршниот Мастерс. Триумфот дојде за час и 33 минути. Натпреварот заврши со 23 „винери“ и 13 неизнудени грешки, а Новак запиша и 10 асови од сервис.
Новак се намачи во првиот сет, па истиот го доби со 7-6 во тај брејк. Сепак, ова му послужи како загревање за вториот, во кој Србинот го декласираше противникот со 6-2 и победа за пласман во следната фаза и потерата по шестата титула на завршните Мастерс турнири.
WOW ???? @DjokerNole #NittoATPFinals pic.twitter.com/nWvegfPQIy
— Tennis TV (@TennisTV) November 15, 2021



