Фронтменот на групата „Манескин“, Дамијано Давид, повторно ја шокираше јавноста, но овојпат со изборот на облека во која се појавил на доделувањето на „MTV Europe Music Awards“ во Будимпешта.
Музичарите повторно се појавиле во специфични комбинации, а јавноста најмногу е шокирана од фронтменот на групата, Дамијано, кој на сцената се појавил во шорцеви, мрежести чорапи и со проѕирно болеро.
Групата „Манескин“ од победата на 65-то издание на Избор на песна за Евровизија, не престанува да го привлекува вниманието на јавноста, а неодамна нивните фанови биле загрижени поради изгледот на нивниот миленик.
За време на посетата на САД, групата „Манескин“ настапувала во познатата ТВ емисија „The Ellen DeGeneres Show“, а фановите тогаш коментирале дека членовите на групата изгледаат исцрпено и дека им треба одмор.