Повеќе од два месеци откако „Дејли мејл“ексклузивно објави дека Мајлс Телер ја одбил вакцината против Корона-19 и го донел вирусот на сетот од серијата The Offer („Понуда“), актерот открива дека е вакциниран веќе некое време.
34-годишниот актер, наводно, одбил да се вакцинира, па дури и да се тестира пред да стигне на сетот, каде што бил позитивен на тестот за Ковид-19.
Преставник на актерот одговори со кратка изјава: „Вашите факти се неточни“, но Телер во понеделникот напиша на Твитер дека не е антиваксер.
„Обично не чувствувам потреба да се осврнам на шпекулации овде, но јас сум вакциниран веќе некое време. Единственото нешто што сум против е омразата“, твитна Телер во понеделникот вечерта.
Тој не прецизираше кога се вакцинирал и не ги искоментира медиумските извештаи дека го „донел“ Ковид-19 на снимањето на серијата, што наводно, резултирало со затворање на продукцијата.
The Offer, серија на „Парамаунт плус“, ја раскажува приказната од зад сцената за тоа како е снимен филмот „Кум“.