Пол Руд на премиера на новиот филм, откако беше прогласен за најсекси маж на светот

Пол Руд се појави на црвениот тепих на премиерата на Ghostbusters: Afterlife во њујоршкиот АМЦ Линколн Сквер театар во понеделникот, една недела откако беше прогласен за најсекси маж на светот за 2021 година во традиционалниот избор на магазинт „Пипл“.

52-годишниот актер, кој го глуми господин Груберсон во новиот филм, „Истерувачи на духови: Задгробен живот“, на себе има кафеав сјаен костум и црна вратоврска.

Руд претходно изјави за медиумот дека не се смета себеси за секс симбол, туку повеќе за семеен човек, бидејќи е татко на две деца со сопругата Џули Јегер: синот Џек (17) и ќерката Дарби (12).

„Кога размислувам за себе, мислам за себе како сопруг и татко“, рече Руд. „Кога не работам, се дружам со семејството. Тоа е она што најмногу го сакам.“

Треба да знаете
Последни објави