Прва победа за Еурофарм Пелистер во Лига Европа

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Халкида забележаа победа над домашниот АЕК во меч од ЕХФ ракометната Лига Европа.

Битолчани до бодовите во Грција стигнаа по триумфот со 30:27, разлика од три гола остварена уште на полувремето (16:13). Македонскиот претставник во првиот дел во два наврата имаше и +5 (9:4 и 16:11).

Пелистерци разликата ја одржуваа и во текот на второто полувреме, а на петнаесетина минути пред крајот водеа со највисоки шест разлика (25:19). До крајот уште неколку пати беше +6 за Еурофарм Пелистер за рутински финиш и сигурна победа.

Најефикасен во победничкиот тим беше Јосип Периќ со осум погодоци.

По три ола, Еурофарм Пелистер има три бода и во моментов е на 3. место во Д-групата. АЕК Атина остана на четири бода за во моментов 2. место. Лидер е Спортинг со четири бода и натпревар помалку. 

Треба да знаете
Последни објави