Далас Маверикс пред своите навивачи го победи Денвер со 111:101 во еден од единаесетте натпреаври одиграни ноќеска во кошаркарската НБА-лига. Далас и Денвер одиграа возбудлив натпревар кој домаќините го решија прашањето на победникот во последната четвртина. Балканските ѕвезди во најсилната кошаркарска лига, Словенецот Лука Дончиќ од редовите на Далас и Србинот Никола Јокиќ од Денвер уште еднаш на дело ги потврдија своите квалитети.
Јокиќ беше најдобриот поединец на паркетот, кој мечот го заврши со 35 постигнати поени, 16 скокови и шест асистенции, меѓутоа тоа не му помогна на неговиот Денвер да го избегне поразот. Неговиот ривал Дончиќ заврши со скор од 23 поени, 11 асистенции и шест скока.
ЛА Лејкерс е поразен од Чикаго на свој терен. Дерозан беше најефикасниот играч на паркетот со 38 поени, 6 асистенции и 3 скока и го предводеше својот тим до победа. Во редовите на Лејкерс отскокнуваа Хортон Такерсо 28 поени, 6 скока и 2 асистенции, го следеше Вестбрук со 25 поени, 6 скока и 8 асистенции.
НБА резултати: Кливленд – Бостон 92:98, Детроит – Сакраменто 107:129, Вашингтон – Њу Орлеанс 105:100, Атланта – Орландо 129:111, Њујорк – Индијана 92:84, Далас – Денвер 111:101, Мемфис – Хјустон 136:102, Минесота – Феникс 96:99, Оклахома – Мајами 90:103, Портланд – Торонто 118:113, ЛА Лејкерс – Чикаго 103:121.