Вујовиќ против ПИК Сегед се надева дека Вардар ќе ја прекине серијата порази во ЛШ

Тренерот на македонскиот и двократен европски ракометен првк во машка конкуренција скопски Вардар, Веселин Вујовиќ посакува „црвено-црните“ на гостувањето во Унгарија кај Пик Сегед, да ја прекине серијата порази во елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите.

– Продолжува Лигата на шампионите. Здравствениот билтен во тимот е добар. Играме против Пик Сегед, познат противник, една од најдобрите екипи во Европа. Прво се среќаваме во Сегед, па по седум дена во Скопје. Ова му доаѓа како некој бараж. Вардар е подготвен. Мора да  ја прекинеме серијата порази, а тоа може да го направиме ако играме храбро. По традиција на гостувањата кај Пик Сегед играме добро. Се надевм дека ќе биде така и овој пат.

Првиот натпревар „црвено-црните” го играат во Унгарија в четврток, а вториот се игра во Скопје на 25 ноември.

По шест кола во  А-групата од елитното ракометно натпреварување, Вардар е на 6. место со пет бодови, Сегед е на 4. позиција со осум освоени бода.

Треба да знаете
Последни објави