Дончиќ може да пропушти неколку натпревари поради повреда на скочниот зглоб

Словенечкиот кошаркарски интеранционалец во редовите на НБА-лигашот Далас, Лука Дончиќ утринава беше еден од најдобрите во редовите на домаќинот кој го совлада Денвер. Дончиќ предвреме седна на клупата и го дочека крајот на мечот поради повреда.

Во обид да го изблокира Остин Риверс, направи прекршок, а кошаркарот на Денвер падна врз неговата нога. Словенецот поткривнувајќи и во болки го напушти теренот. Од таборот на Далас велат дека дополнително ќе се знае состојбата со неговиот скочен зглоб по деталните прегледи.

Медиумите во САД велат дека првата ѕвезда на тимот би можел да пропушти неколку натпревари со цел да ја санира повредата. Првичните прогнози се дека не се работи за ништо сериозно и најверојатно има само истегнување на лигаментите.

Треба да знаете
Последни објави