Манчини: Ќе одиме во Катар и ќе станеме светски прваци

Актуелниот европски шампион, фудбалската репрезентација на Италија, не успеа да победи на гостувањето кај Северна Ирска (0:0),  и си го искомплицира настапот на завршницата од СП-2022 во Катар. Италија заврши како вторпласирана во мундијалската квалифиакциска група од евро зонмата и ќе треба да разигрува за да биде дел од завршницата на СП. Селекторот на четитикратниот светски првак Италија, Роберто Манчини е оптимист дека „аѕурите“ не само што ќе го минат баражото, туку дека и на завршниот турнир ќе го освојат и мундијалот. Италија е еден од можните ривали на Македонија, кои ќе разигруваат  заедно со упште 10 европски селекции за последните три билети во Катар.

-Ќе го избориме за учество на Светското првенство низ баражот во март, а можеби ќе станеме светски прваци. Сигурен сум. Ги контролираме натпреварите, но ни недостасуваат голови. И во натпреварот со Северна Ирска пропуштивме да реализираме порано, а потоа беше тешко, рече Манчини.

Италија не смее да си дозволи да не учествува на Светското првенство, затоа што тоа ќе биде вторпат по ред. Италија не беше дел од Мундијалот во Русија 2018 година, а потоа на ЕП одржано оваа година го освоија трофеј.

Треба да знаете
Последни објави