Познатиот пејач имал морничава стаклена соба за мачење на жените: Детали од бизарниот приватен живот кои ја згрозија јавноста

Мерилин Менсон е познат по својата ексцентричност, неговиот изглед е повеќе од наметлив, но животot и ужасните работи кои ги врзуваат за неговото име не престануваат да ја вознемируваат јавноста.

Фактите поврзани со Мерилин Менсон се и повеќе од морничави, а податокот дека во својот стан во западен Холивуд имал мала, официjално изолирана стаклена соба во која ги заклучувал жените со кои се гледал, е и повеќе од вознемирувачки, пренесува магазинот „Rolling Stone“.
„Соба за лоши девојки“

Неколку лица кои се забавувале со познатиот пејач, чие вистинско име е Брајан Варнер, изјавиле дека просторот бил „самица која се користи за психичко мачење на жените“, а пејачот ја нарекувал „соба за лоши девојки“.

„Секогаш имаше шеговит, пофален тон“, изјавила Ешли Волтерс, поранешната помошничка на Менсон која го тужела за сексуални напади, тврдејќи дека сакал да разговара со луѓето кои се наоѓале во таа соба.

Пејачот во една прилика и самиот раскажал дека Ешли била една од жените кои го обвиниле за злоупотреба.

Да ве потсетиме дека пејачката Фиби Бриџерс преку својот Твитер профил во февруари кажа дека кога го посетила неговиот дом додека била тинејџерка, една од собите тој ја нарекол „соба за злоупотреба“, но тогаш таа мислела дека тоа е само грозната смисла за хумор на пејачот.

Рајан Браун, уште еден поранешен асистент на пејачот, исто така изјавил дека собата постоела, но рекол дека никогаш не видел заклучена жена во истата.

Многу од жените јавно го обвинија Менсон за сексуално, физичко и психичко злоупотребување.

Еван Рејчел Вид изјави дека музичарот ја злоупотребувал додека се забавувале од 2007 до 2010 година, а актерката од „Игра на тронови“.

Пејачот претходно ги демантираше обвиненијата против него во објава на Инстаграм.

 

Треба да знаете
Последни објави