Селекторот на женската македонска ракометна репрезентација, Љубомир Савевски го објави списокот со своите избранчки за претстојниот тест-двомеч со Србија во рамки на ЕХФ неделата кој ќе се одигра во Стара Пазува. На списокот од Савевски се најдоа 19 ракометари, меѓу кои недостасува искусната Елена Ѓорѓиевска, но во селекцијата се враќаат Саздовска, Седлоска и Штериова.
Натпреварите со Србија ќе се одиграат на 27.11.2021 (сабота) и 29.11.2021 (понеделник). Собирот на репрезентацијата е закажан за 22.11.2021 (понеделник) во 12:00 часот во Хотел Александар Палас.