Сантош останува на селекторското место кај Португалија

Фернандо Сантош не планира да ја напушти функцијата селектор на португалската фудбалска репрезентација. Португалија пред два дена загуби од Србија во Лисабон (1:2) во последниот решавачки натпревар од групната фаза во мундијалските квалификации за пласман на завршницата од СП 2022 година и наместо директно да се пласира во Катар, ќе треба да игра бараж натпреаври. И покрај пропуштена шанса за првото место во групата, Португалската фудбалска федерација и понатаму му верува на 67-годишниот стручњак. Тој ќе го подготви тимот за баражот што ќе се одржи во март идната година.

Сантош е селектор на португалската репрезентација од 2014 година. Под негово водство тимот го освои Европското првенство во 2016 година и Лигата на нации на УЕФА во 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави