Синди Крафорд и Каја Гербер со своите блескави тоалети беа синоним за прекрасно дуо мајка-ќерка на црвениот тепих на настанот „Инстајл авордс 2021“ во понеделникот вечерта.
Секоја година, магазинот InStyle организира настан на кој се доделуваат награди на истакнати жени од областа на модата, филмот, телевизијата и поп-културата.
Додека позираа за фотографите, супермоделите се прегрнаа и им се насмевнаа на снимателите на гламурозниот настан, одржан во „Центарот Гети“ во Лос Анџелес.
За ѕвездената вечер, Синди (55) на себе има шарен фустан „Мисони“, кој ја прегрнува секоја облина на нејзината затегната фигура.
А Каја (20), ѕвездата на „Американска хорор приказна“ и девојка од насловната страница на „Вог“, е облечена во бел фустан со потпис на Александар Меквин, прекриен со светки и пердуви.
Никол Кидман, Рис Витерспун, Синди Крафорд, Кристина Хендрикс, Кејт Хадсон, Ел Фенинг беа меѓу дамите кои воодушевија со својот изглед на црвениот тепих.