Ѓоковиќ за Сампрас е број еден на сите времиња во „белиот спорт“

Кој е најдобриот тенисер на сите времиња ? На ова прашање има најразлични одговори, во зависност кој кого преферира или како ги вреднува постигнатите резултати. Легендарниот американски тенисер во „пензија“ Пит Сампрас смета дека тој епитет без конкуренција му припаѓша на Србинот Новак Ѓоковиќ, која седма сезона – година ќе заврши како најдобрпорангиран играч на АТП-рејтинг листата.

Новак Ѓоковиќ, Рожер Федерер и Рафаел Надал имаат еднаков бројот на освоените гренд-слем турнири. Сите тројца во своите кариери се радувале на овие трофеии по 20. пати. Но, Ѓоковиќ неодамна го верификуваше првото место на АТП-листата, каде како првопласиран ќе заврши седма година. Досега во овиер статистички податоци беше израмнет со својот идол од детството Пит Сампрас, кој шест пати сезоната ја завршил на врвот на листата.

-Оној што седум пати ќе заврши како број еден сега веројатно му изгледа како бонус за сите гренд-слем титули. Но, мислам дека тоа повеќе ќе се цени кога ќе биде постар. Тој тоа го оствари во времето кога ривали му се двајца великани Федерер и Надал, а и со новите генерации играчи одлично се носи. Она што Ѓоковиќ го направи во последните десет години, а освојуваше гренд-слем турнири, седум пати ја заврши годината на број еден, тоа за мене е јасен знак тој е најголемиот играч во „белиот спорт“ на сите времиња. Мислам дека повеќе нема да видете некој седум пати да ја заврши сезоната како прв тенисер на светот, вели Сампрас, кој се повлече од терените во 2002 година со освоени 14 гренд-слем турнири.

Треба да знаете
Последни објави