(Видео) Ноле и Ибра во Торино запеаја „Јутро је“

Фудбалерот на Милан, шведскиот фудбалски интеранционалец со босанско потекло Златан Ибрахимовиќ ја искористи можноста да дојде во Торино и да го поздрави српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ каде првиот рекет во светот се бори за трофејот на завршниот годинашен Мастерс.

Искусниот шведски напаѓач му вети и скудето на Ѓоковиќ, кој е страствен навивач на Милан, на кое „росонерите“ чекаат повеќе од една деценија. Двпоецот врвни спортисти Ибрахимовиќ и Ѓоковиќ во еден момент го отпеаа и познатиот српски хит „Јутро је“ на Нада Топчагиќ.

Средба на популарниот Ибра-гол со Ноле следеше непосредно по победата на Србинот против Каспер Руда.

Како што пренесува Газета дело спорт, Ибрахимовиќ и Ѓоковиќ најмногу зборувале српски, но во комуникацијата разменувале и по некој збор италијански.

Треба да знаете
Последни објави