Принцезата Шарлин од Монако пред една недела се врати од Африка, каде што престојуваше повеќе од шест месеци, што поттикна бројни шпекулации за проблеми во бракот со принцот Алберт.
Иако постојано се обидуваа да ги побијат ваквите тврдења, најтажната жена на светот, како што ја нарекле некои медиуми на денот на нејзината венчавка, го откажа првото патување на кое требаше да оди со принцот Алберт по долго време.
Принцезата Шарлин требаше да го придружува својот сопруг на неговото официјално патување во Дубаи, но тоа не се случи. Наместо тоа, сестрата на Алберт, принцезата Стефани, отпатува во Дубаи на13 ноември.
Откажувањето на патувањето беше оправдано со тоа што принцезата не сака да се раздели од децата кои премногу ѝ недостасуваа во последните месеци, и кои пред враќањето, имаа можност да ја видат само два пати во Јужна Африка.