Циципас: И покрај поразот во првото коло, чувствувам дека ќе помина добро на завршниот турнир

Четвртиот светски тениски рекет Стефанос Циципас ги сподели емоциите по поразот од Андреј Рубљев во првото коло од групната фаза на завршниот АТП турнир.

– Јас сум во исчекување. Сè уште сакам да играм добро. И покрај поразот, чувствувам дека се уште имам шанси добро да поминам. Сакам да се подобрам и да играм подобро на следниот меч, изјави Гркот.

Во второто коло Циципас ќе игра против Каспер Руд.

– Го знам форматот и како функционира сè. Имам доволно искуство, веќе три пати играв на овој турнир. Никогаш не е досадно. Сè уште сум во исто исчекување како и првиот пат. Повеќето играчи не се запознаени со овој формат бидејќи ретко играме во групи каде сетови може да направат голема разлика. Ми се допаѓа затоа што ми дава шанси и можам да се поправам, истакна Циципас.

Завршниот АТП турнир се игра во Торино од 14 до 21 ноември.

Треба да знаете
Последни објави