Четири од шест можни ривали на Македонија во баражот за СП се познати

Македонија како дебитант во разигрувањето за пласман на завршницата од Светското фудбалско првенство во Катар идната година, во ждрепката за составот на трите групи со по четири ривали која ќе се одржи на 26 ноември, сигурно според рејтингот ќе се најде меѓу селекциите кои нема да бидат носители. Од досегашните селекции од евро-зоната кои се најдоа во баражот, познати се четири од шесте потенцијални ривали на „црвено-жолтите“. Во разигрувањето во март идната година со полуфинален и финален меч од групите Македонија може да ги доби за противници селекцијата на Португалија, Шкотска, Италија и Русија кои сигурно ќе бидат во групата на носители.

Со одигрувањето на денешните последни седум натпревари од Д, Е и Г групата ќе бидат познати последните трите селекции кои дирекно ќе патуваат во Катар и трите кои ќе им се приклучат на седумте кои ќе разигруваат. Последните две селекции ќе бидат најуспешните од Лигата на нации, кои не обезбедиле пласман преку квалификациите.

Математиките велат дека најблиску до групата на шест репрезентации носители за ждрепката во разигрувањето се Шведска, но тие како и Полска ќе мора да почекаат на денешните исходи од настапите на Велс и Турција, кои со евентуални победи можат да се пробијат меѓу носителите. Турците се уште имаат шанси да обезбедат и директен пласман на СП, па во игра за бараж се и Норвешка и Холандија.

Треба да знаете
Последни објави