Аргентина со реми против Бразил обезбеди настап на СП во Катар

Аргентина го обезбеди настапот на завршницата од Светското фудбалско првенство кое идната година ќе се одржи во Катар, откако во јужноамериканските мундијалски квалификации како домаќин ремизираше (0:0) со Бразил. Натпреварот меѓу Аргентина и петкратниот светски првак Бразил кој уште во минатиот месец ја заврши оваа обврска со пласманот на мундијалот, наместо голови го одбележаа груби прекршоци.

По ремито во Аргентина,  „гаучосите“ имаат 29 бодови, на второто место, односно 12 повеќе од четвртата Колумбија и петтиот Перу, а недостижни 13 за Чиле и Уругвај, па така и теоретски си обезбеди настап во Катар, како една од првопласираните четири селекции од Јужна Америка.

Бразил е лидер во групата со 35 бодови.

Треба да знаете
Последни објави