Велковски: Македонија реално е аутсајдер во баражот, но нема да се откаже од укажаната шанса за СП

Македонскиот фудбалски репрезентативец од редовите на хрватскиот прволигаш Риека, Дарко Велковски одигра добар мундијалски квалификациски циклус во државниот дрес. Македонија финишираше победнички со убедлив триумф во Ереван против Ерменија (0:5) и во решавачкиот дуел со Исланд во Скопје (3:1), откако оваа селекција претходно им го отвори патот на „црвено-жолтите“ со ремито против Романија (0:0) во Букурешт. Македнија ја згрпчи укажаната шанса и самата си го трасира патот до разигрувањето за палсман на СП-2022 во Катар.

Во Хрватска се изненадени како македонскиот стопер игра добро во континуитет за репрезентацијата што не е случај на клупски план во Риека. Играчот на Риека за клупскиот сајт не крие дека Македонија со самиот пласман во разигрувањето постигна голем успех, па сега иако е аутсајдер во ова друштво ќе се обиде да приреди ново изненадување. 
– За расплетото клучен беше мечот Романија – Исланд во кој Романците загубија важни бодови. По славјето против Ерменија ни требаше победа против Исланд во последниот натпревар. Не беше лесно, но ја оставривме. На стадионот имаше многу луѓе, имаше одлична атмосфера, верувавме дека ќе победиме. Успеавме да поведеме, Исланд израмни и имаше уште неколку шанси. Се одбранивме и повторно поведовме, а кога играч на Исланд доби црвен картон беше јасно дека ќе славиме. Ова е голем успех за нас, ја искористивме нашата шанса – вели Велковски.

Сега со нетрпение се очекува жрепката на 26 ноември кога Македонија ќе го добие ривалот во полуфиналето кое ќе го игра на гостински терен.

– Можам да кажам дека сега го поминавме полесниот дел доколку ги погледнеме квалификациите за Светското првенство. Следува доигрувањето, се игра по нов систем, има многу добри репрезентации и реално на секој натпревар ќе бидеме аутсајдери. Наше е да го дадеме максимумот и да направиме сè за да ја искористиме шансата – додава Велковски.

Треба да знаете
Последни објави