Македонскиот фудбалски репрезентативец од редовите на хрватскиот прволигаш Риека, Дарко Велковски одигра добар мундијалски квалификациски циклус во државниот дрес. Македонија финишираше победнички со убедлив триумф во Ереван против Ерменија (0:5) и во решавачкиот дуел со Исланд во Скопје (3:1), откако оваа селекција претходно им го отвори патот на „црвено-жолтите“ со ремито против Романија (0:0) во Букурешт. Македнија ја згрпчи укажаната шанса и самата си го трасира патот до разигрувањето за палсман на СП-2022 во Катар.
Сега со нетрпение се очекува жрепката на 26 ноември кога Македонија ќе го добие ривалот во полуфиналето кое ќе го игра на гостински терен.
– Можам да кажам дека сега го поминавме полесниот дел доколку ги погледнеме квалификациите за Светското првенство. Следува доигрувањето, се игра по нов систем, има многу добри репрезентации и реално на секој натпревар ќе бидеме аутсајдери. Наше е да го дадеме максимумот и да направиме сè за да ја искористиме шансата – додава Велковски.