Милевски нема посебна желба кој да им биде противник(ци) во разигрувањето

Македонската фудбалска репрезентација за првпат се избори во редовните квалификации за второто место и настап во разигрувањето за пласман на завршницата до Светското првенство во Катар идната година. Овој резултаски успех на „црвено-жолтите“ ги зголеми апетитите на армијата приврзаници кон најважната споредна работа на светот, посебно по претходно изборениот премиерн настап летово на завршницата од Европското првенство со освојувањето на првото место во групата од Лигата на нации и разигрувањето со селекциите од нашиот сегмент за билетот кој водеше на евро-сцената.

Македонија според официјалната статистика на УЕФА, го заврши на 19. место од вкупно 55 европски селекции колку што учествуваа во мундијалските квалификации.Сеги и претстои разигрувањето, поинакво од досегашните во еден двомеч, за да докјде до еден од трите преостанати билети кон Катар.  Ќе разигруваат во групата од 12 репрезентации кои ќе бидат поделени во три групи и ќе се игра во една добиена партија полуфинале и финале. Победниците од групите ќе се најдат на завршницата од СП-2022.

Дванаесетте репрезентации кои ќе разигруваат за ждрепката на 26 ноември ќе бидат поделени во две групи, носители и неносители, според рејтингот и постигнатите резултати во квалифиакциите. Македонија тука е во групата на неносители и како можни ривали во полуфиналето од групата ќе ги има селекциите на актуелниот европски првак Италија, Португалија, Русија, Шведска, Шкотска и Велс. Првиот меч ќе го игра на гости и доколку го добие во финалниот меч со подбриот од другата двојка од групата, со ждрепка ќе биде одлучувано кој ќе биде домаќин на решавачките 90 минути. Баражите ќе се играат на 24 или 25 март идната година финалните мечеви три дена подоцна.

Треба да знаете
Последни објави