Кристи Бринкли едноставно зрачи каде и да се појави

Кристи Бринкли им се придружи на многуте ѕвезди на свечен настан во Њујорк по повод 25-годишнината на мјузиклот „Чикаго“.

Поранешниот супермодел и актерка во вторникот ја канализираше својата култна улога на Рокси Харт на 25-годишнината на бродвејскиот мјузикл во театарот „Амбасадор“ во Менхетен.

Без раскош и драматичност Кристи лесно им пркоси на своите 67 години во фустан со ѕвонести ракави и чизми над колена, по избор на стилистот Џејми Френкел.

Фризерот Мич Бери е заслужен за нејзините руси прамени, а шминкерката Сенди Линтер само требаше да ја истакне природна убавина на Кристи за свеченоста.

За вечно младата манекенка и актерка годините се само број. И навистина е така. Иако е веќе во седмата деценија, оваа жена е како замрзната во времето.

Поранешниот супермодел е одличен пример за самодоверба во сопственото тело. „Ако имате убави нозе, покажете ги!“ им порача таа на своите следачи на Инстаграм, каде често ги советува да не ги бројат годините туку благословите во животот.

Треба да знаете
Последни објави