Вардар без Тото на последниот тренинг пред дуелот со ПИК Сегед

Македонскиот и двократен европски ракометен првак Вардар вечерва (18.45 часот) ќе игра натпревар од 7. коло во групата А од елинтото клупско натпрварување Лигата на шампионите на гости кај унгарскиот ПИК Сегед. „Црвено-црните“ на ова незгодно гостување доаѓаат со серија од три порази и големи мотиви да ја прекината низата, иако за тоа ќе треба да одиграат најдобро што знаат и умеат. Дополнителен мотив за избраниците на тренерот Веселин Вујовиќ ќе биде и тоа што токму Вардар ќе ја има честа да биде тимот против кој ПИК Сегед ќе го одигра последниот меѓународен меч во градската сала во Сегедин. Во иднина, ПИК ќе игра во нова сала, која е изградена за потребите на Европското првенство, кое се игра во јануари 2022.

Вардарци синоќа го одработи последниот тренинг во салата, на кој меѓу ракометарите го немало францускиот интеранционалец Жереми Тото, кој пред некој ден потпиша за Нант. Од клубот немаат соопштено дали Тото е повреден, но за секој случај, во Унгарија отпатувал и младиот кружен напаѓач Атанасовски.

На  мечот против ПИК Сегед, вардаровиот играч Тимур Дибиров може да стигне до бројка од 1.000 голови во ЛШ. На рускиот интеранционалец му недостасуваат три погодоци за да стасаа до оваа импозантна бројка.

Треба да знаете
Последни објави