Дани Алвес по втор пат беше претставен пред околу 10 илјади симпатизери на шпанскиот гигант Барселона на „Камп Ноу“. Премиерното претставување на Бразилецот се случи пред 13 години, а сега во завршната фаза од неговата кариера повторно ќе биде дел од каталонскиот гигант кој се соочува со финасиска и резултатска криза. Триесетиосум годишниот Бразилецот кој освои 23 титули за Барселона на претставувањето говореше за амбициите, но и за Лео Меси за кој се нашали дека за два часа може да го врати во тимот.
-Годините се само бројка. Го докажав тоа и на Олимписките игри. Луѓето го очекуваат најдоброто од мене и тоа ќе го добијат. Не се родив да бидам втор, туку прв и не дојдов тука за забава. Дојдов да се борам за својата позиција и да играм, изјави Алвес кој запрашан за Меси не остана рамнодушен кон сцвојот поранеше соиграч
-„Меси? Дајте ми два часа и ќе го вратам се нашали и продолжи: Историјата е веќе запишана и засекогаш ќе го помнам. Тој е најдобриот играч и за мене соиграч од сништата. Нормално е да ни недостасуваат поранешни играчи, но сега е друга приказна. Додека се сеќаваме на великаните од минатото, мораме да се потпреме на силите кои се тука за да ја вратат славата на клубот – вели Алвес.