(Видео) Адетокумбо го наполни кошот на ЛА Лејкерс

Во кошаркарската НБА лигата изминатава ноќ се одиграа единаесет натпвевари, а ги одбележа ефикасната игра на Јанис Адетокумбо кој за тимот на актуелниот шамшпион во најсилната лига на светот Милвоки постигна 47 поени. Грчкиот кошаркарски интеранционалец  беше проедводникот на Милвоки во триумфот над ЛА Лејкерс (109:102). Без Леброн во составот, ЛА Лејкерс не е истиот тим. Ова беше осми натпревар кој Леброн го пропушти, а тимот го доживеа петтиот пораз. Најефикасни во нивните редови беа Хартон Такер со дабл-дабл од 25 поени, 12 скокови и 3 асистенции, како и Вестбрук кој уфрли 19 поени, додаде 15 асистенции и 4 скока.

Феникс првпат по 10 години има серија од 10 победи. Овојпат совладан е Далас (105:98) во чии редови недостасуваше повредениот Лука Дончиќ. Далас добро го почна мечот одлично се држеа, но го загубија здивот во последната четвртина која Феникс ја доби со 37-25. Букер беше најефикасниот во победничкиот тим со 24 поени, а Хардвеј кај Далас со 22 поени.

НБА Резултати: Шарлот – Вашингтон 97:87, Детроит – Индијана 97:89, Атланта – Бостон 110:99, Бруклин – Кливленд 109:99, Мајами – Њу Орлеанс 113:98, Милвоки – ЛА Лејкерс 109:102, Њујорк – Орланд 98:104, Минесота – Сакраменто 107:97, Оклахома – Хјустон 101:89, Феникс – Далас 105:98, Портланд – Чикаго 112:107.

Треба да знаете
Последни објави