Јанг Долф е убиен во Мемфис во средата попладне, јавува телевизијата FOX.
Триесет и шест годишниот рапер и пејач е убиен во слаткарница каде влегол да купи колачи, потврдиле вработените кои биле сведоци на настанот.
-Некој дојде со автомобил и пукаше кон него, вели сопственикот на локалот.
Раперот чие вистинско име е Адолф Роберт Торнтон е познат особено во неговиот град Мемфис, а во 2016 година го издал својот деби албум „Kinf of Memphis“.