„Стејплс центар“ го менува името за 700 милиони долари

Легендарната спортска сала во Лос Анџелес, „Стејплс Центар“ од декември ќе има ново име благодарение на богатиот договор што раководството на објектот го потпиша со компанијата со седиште во Сингапур „Crypto.com“, која промовира поширока употреба на криптовалути.

Раководството на салата која каде што како домаќини настапуваат кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс и Лос Анџелес Лејкерс во НБА лигата , Лос Анџелес Спаркс ВНБА и хокеарскиот тим на Лос Анџелес Кингс во НХЛ, со „Crypto“ потпиша 20-годишен договор вреден неверојатни 700 милиони долари.

Од Божик оваа година салата ќе го носи името „Крипто Арена“, но натписот ќе се промени дури во јуни следната година. „Стејплс центар“ е отворен во 1999 година и има капацитет за 20.000 гледачи

Треба да знаете
Последни објави