И Погба ќе може да си замине во зимскиот преоден рок од „Олд Трафорд“

Англиските медиуми подолго време најавуваат дека Пол Погба веќе го одиграл својот последен меч за Манчестер јунајтед. Според нив клубот од „Олд Трафорд“ нема намера да го продолжи договор кој завршува на крајот од сезоната. Поради тоа Манчестер јунајтед ќе се обиде да го продаде зимово и да земе некој сума како компензацоија за 105 милиони фунти, колку што ги плати за неговото враќање во клубот.

Како нова дестинација на Погва се споменува Реал Мадрид. Шпанскиот великан е заинтересиран за 28 годишниот француски интеранционалец кој бил желба на клубот, уште кога го водеше неговиот сонародник Зинедин Зидан.

Погба во Манчестер јунајтед игра за 12 милиони евра и по мислењето на аналитичарите не го оправдува вложеното. Се споменува и неговата подложност на повреди, потсетувајќи на најновата повреда на бутниот мускул, поради која веројатно ќе паузира до крајот на годината.

Според шпанските медиуми, освен Реал за Погба интерес покажуваат ПСЖ и Јувентус, каде беше од 2012-та до 2016-та година.

Треба да знаете
Последни објави