Џеси Лингард кој се врати во редовите на Манчестер јунатед од англискиот премиерлигаш Астон Вила каде беше на позајмица не доби вистинска шанса и затоа во јануари најавува заминување од „Олд Трафорд“. Враќањето на Кристијано Роналдо меѓу „црвените ѓаволи“ му ги расипа плановите. Лингард сака да игра за да може да конкурира за место во репрезентацијата на Англија на претстојниот Мундијал во Катар.
Англискиот репрезентативец Лингард (28 г.) е во втор план кај Оле Гунар Солскјер. Поради тоа уште во јануари ќе го напушти „Олд Трафорд“ и не планира да отпочне нови преговори со премиерлигашот. Има понуди од неколку екипи, меѓу кои од Милан и Барселона, кои сериозно ќе ги разгледа и ќе донесе одлука каде ќе ја продолжи својата кариера.
Лингард постигна два гола во своите пет настапи во Премиер лигата на кои влегуваше како замена оваа сезона.



