Постариот од браќата Ивановиќ ја загуби битката со коронавирусот

Драган Ивановиќ, постариот брат од легендарните кошаркари на Будуќност од Подгорица ја загуби ботката со коронавирусот во својата 66 година од животот. Драган Ивановиќ 12 години беше капитен на Будуќност која во 1980 година избори пласман во првата екс-југословенска лига и во која играша забележителна улога. По завршувањето на играчката кариера беше директор на малдинската школа во КК Будуќност како и помошник директор во Агнецијата за спорт.

Драган е брат на познатиот кошаркар, подоцна и признат тренер во повеќе екипи Душко Ивановиќ (64 г.) со кого беше соиграч во Будуќност. По заминувањето од Будуќност, Душко беше капитен на Југопластика, а донеодамна ја извршуваше тренерската должност кај шпанската екипа Басконија.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави