Ѓоковиќ без проблем во полуфиналето на мастерсот во Торино

Новак Ѓоковиќ со максимални три победи ја заврши групната фаза на завршниот АТП турнир во Торино, откако вечерва го прегази Камерон Нори.

Светскиот рекет број 1 славеше во два сета со 6-2 и 6-1 за нешто повеќе од еден час игра. Ѓоковиќ „Зелената група“ ја комплетира со максимален ефект од три победи и без загубен сет, откако претходно ги совлада и Каспер Руд и Андреј Рубљов.

Во полуфиналето кое е на програмата утре, Ѓоковиќ ќе се сретне со Александар Зверев, додека Данил Медведев ќе ги одмери силите со Каспер Руд.

Треба да знаете
Последни објави