Трансферот на Оскар од Челзи во Шангај од Кина кој се реализира во 2017 година беше едно од најголемите изненадувања бидејќи се случи во период кога бразилскиот фудбалски интеранционалец играше на високо ниво во редовите на англискиот премиерлигаш. Оскар четири години подоца открива дека воопшто не размислувал за понудата и за лигата во која ќе игра затоа што му била понудена плата од 20 милиони евра годишно, а Челзи доби отштета од 60 милиони евра.
Таква финасиска понуда во моментот не можеше да добие никаде, па поради тоа бразилскиот фудбалер реши да си замине од „Стенфор Бриџ“ поради пари.
-Кина има голема финансиска моќ и некои понуди не се одбиваат. Доаѓам од сиромашно семејство, ова е плод на мојата напорна работа и се чувствувам како победник. Не сакам во старост да бидам сиромашен и да живеам од спомени, вели Оскар.
Оскар во моментов игра за Шангај Порто и има тригодишен договор, а досега за екипата постигна 48 голови на 161 настап.



