Солскјер одржал вонреден состанок со шестмина фудбалери на Манчестер јунајтед

Норвешкиот фудбалски стратег Оле Гунар Солскјер, поранешен фудбалер на англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед на чија клупа сега седи како стратег поради лошите резултати е топ-тема во медиумите на Островот дали и кога ќе добие отказ од „Олд Трафорд“.  Солскјер кој за време на репрезентативната пауза ги пушти на одлмор играчите кои не беа ангажирани од државните тимови и замина со семејтворот во Норвешка по враќањето на „Олд Трафорд“ одржал вонреден состанок со шестмина фудбалери, кои според него се лидери на екипата и треба да го изнест товарот на наредните натпревари кои за неговиот статус и за пласманот на „црвените ѓаволи“ се решавачки.

На разговорот со „шефот“ присуствувале Кристијано Роналдо, Бруно Фернандеш, Немања Матиќ, Виктор Линделоф, Лук Шо и капитенот Хари Мегваер. Солскјер сакал да го слушне мислењето на своите највлијателни фудбалери во однос на тактиката и задачите на фудбалерите на теренот, истовремено посочувајќи им го значењето на натпреварите кои следуваат до крајот на годината.

Тренерот на Јунајтед побарал дополнителна мотивација и борбеност од шестката и нивните соиграчи, а наредниов период „црвените ѓаволи“ ќе играат против Вотфорд, Вилјареал, Челзи и Арсенал.

Треба да знаете
Последни објави