Во кошаркарската НБА-лига се одиграа шест натпревари, а Голден Стејт предводен под својот најдобар играч Стеф Кари ја постигна 13. победа овојпат на гостувањето кај Кливленд (104:89) и остана на лидерската позиција во западната конференција. Кари имаше уште една блескава вечер и беше главен во победата со постигнати 40 поени и тоа само за 35 минути минати на паркетот. Герланд беше најпрецизен кај Кливленд со 25 поени, додека повратникот Кевин Лав мечот го заврши со 17 поени.
Српскиот кошаркарски интеранционалец Никола Јокиќ и неговите Денвер го забележаа вториот пораз едноподруго, откако изгубија од Филаделфија пред своите навивачи со 89:103. Резултатот остана во сенка на потегот на домашниот тренер Мајк Мелоун, кој незадоволен од одлуките на судиите, влета на теренот и сакаше да се пресмета со еден од арбитрите на натпреварот, а Јокиќ успеа да го задржи и да спречи поголем инцидент.
Јокиќ беше на ниво на својата задача, но тоа не му помогна на Денвер да го избегне поразот. Српскиот кошаркар оствари дабл дабл скор од 30 поени и 10 скокови, а имаше и седум асистенции.
Мемфис предводен од Морант со 28 поени славеа против ЛА Клиперс со 120:108. Гостите без Каваи Ленард доживеаа нов пораз, а најдобар во нивните редови беше Пол Џорџ со 23 поени.
НБА Резултати: Кливленд – Голден Стејт 89:104, Мајами – Вашингтон 112:97, Мемфис – ЛА Клиперси 120:108, Минесота – Сан Антонио 115:90, Денвер – Филаделфија 89:103, Јута – Торонто 119:103.



