Норвешкиот фудбалски стратег Оле Гунар Солскјер, поранешен фудбалер на англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед на чија клупа сега седи како стратег поради лошите резултати е топ-тема во медиумите на Островот дали и кога ќе добие отказ од „Олд Трафорд“. Солскјер кој за време на репрезентативната пауза ги пушти на одлмор играчите кои не беа ангажирани од државните тимови и замина со семејтворот во Норвешка по враќањето на „Олд Трафорд“ одржал вонреден состанок со шестмина фудбалери, кои според него се лидери на екипата и треба да го изнест товарот на наредните натпревари кои за неговиот статус и за пласманот на „црвените ѓаволи“ се решавачки.
На разговорот со „шефот“ присуствувале Кристијано Роналдо, Бруно Фернандеш, Немања Матиќ, Виктор Линделоф, Лук Шо и капитенот Хари Мегваер. Солскјер сакал да го слушне мислењето на своите највлијателни фудбалери во однос на тактиката и задачите на фудбалерите на теренот, истовремено посочувајќи им го значењето на натпреварите кои следуваат до крајот на годината.
Тренерот на Јунајтед побарал дополнителна мотивација и борбеност од шестката и нивните соиграчи, а наредниов период „црвените ѓаволи“ ќе играат против Вотфорд, Вилјареал, Челзи и Арсенал.



