Ројс ја доближи Борусија Дортмунд на само еден чекор до лидерот Баерн Минхен

Борусија Дортмунд со голот на Марко Ројс во финишот од натпреварот пред своите гледачи  против Штутгарт стаса до победа од 2:1 во 12. коло од германската фудбалска бундеслигашка конкуренција и му се доближи на лидерот Баерн Минхен на само еден бод, откако актуелниот бранител на трофејот вчера во оваа рунда беше неочекувано совладан на гостувањето кај Аугсбург со 2:1.

„Милионерите“ доминираа на натпреварот, имаа поголем посед на топката, упатија повеќе шутеви кон голот на противникот, но мораа да треперат за победата до пследните моменти од мечот. Борусија Дортмунд поведе со голот на Мален во 56 минута, но гостите само седум минути подоцна дојдоа до изрманување преку Роберто Масимо. Победата и трите бода за „милионерите“ ги обезбеди Марко Ројс со голот во 85 минута.Со оваа победа, Борусија има 27 бода, а Баерн Минхен  е прв со 28 бода.

Баер Леверкузен благодарение на голот на Амине Адли во четвртата минута оствари минимален триумф над Бохум.
Хофенхајм приреди изненадување и со 2:0 го совлада Лајпциг. Диадие Самасеку во 12 минута му донесе водство на Хофенхајм, а победата ја завери манус Дабур.

Резултати од денешните одиграни натпреаври во 12. коло: Арминија – Волфсбург 2:2, Баер Л. – Бохум 1:0, Борусија М. – Гројтер Фурт 4:0, Борусија Д. – Штутгарт 2:1, Хофенхајм – Лајпциг 2:0.

Треба да знаете
Последни објави