Роналдо се збогуваше од Солскјер преку Инстаграм

Трофејниот англиски фудбалски премиелригаш Манчестер јунајтед му даде отказ на тренерот Оле Гунар Солскјер по лошите резултати. Лидерот во тимот, искусниот Кристијано Роналдо кој сезонава се врати на „Олд Трафорд“ се збогуваше со Норвежанецот преку Инстаграм. Роналдо имаше само позитивни зборови за неговиот поранешен тренер на „Олд Трафорд“ и му посака среќа.

-Тој беше напаѓач кога пристигнав првпат на „Олд Трафорд“ а сега ми беше тренер кога се вратив во Манчестер јунајтед. Но, пред сѐ тој е неверојатно човечко суштество. Му посакувам сѐ најдобро во животот, напиша Роналдо.

Треба да знаете
Последни објави