Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, изјави дека нема многу време за славење на победата на ГН на Катар во трката од Формула 1 шампионатот. Во Генералниот пласман Хамилтон заостанува зад возачот на Ред Бул, Макс Верстапен осум бода.
– Голема благодарност до момците од тимот, до сите мажи и жени во базата кои дадоа се од себе за ова. Ова особено важи за вториот дел од сезоната. Се обидовме да ги стигнеме конкурентите. Ова е прекрасно чувство, но нема време за славење, нема време за одмор. Ќе се фокусираме на работата и ќе продолжиме да бркаме, изјави Хамилтон.
Седумкратниот светски шампион призна дека е задоволен од својата форма.
-Се чувствувам одлично. Мислам дека од физичка гледна точка сум во најдобра форма цела сезона. Чувството во болидот е подобро од било кога, а пред следната трка од Ф1 шампионатот сум позитивно расположен. Веројатно тие (Ред Бул) ќе се покажат прилично добри, и јас со нетрпение ја очекувам битката, изјави Хамилтон.
До крајот на сезоната во светскиот шампионат во Формула 1 остануваат само уште две трки.