Француската фудаблска легенда Зинедин Зидан го одбил англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед да го преземе кормилото по отказот кој му беше даден на Норвежанецот Оле Гунар Солскјер, објави денеска „Би-Би-Си“.
Поранешниот тренер на Реал Мадрид, кој во два мандати донесе две шампионски титули во Ла Лига и три европски круни во низа за „кралевите“ важеше за прв фаворит за нв тренер на „црвените ѓаволи“. Англиски медиуми објавија дека е заинтересиран за работа на „Олд Трафорд“, но наводно неговата сопруга Вероника не му дава да дојде во Манчестер зашто не и се допаѓа животот на Островот.
Според една од најпознатите британски ТВ-куќи, Зидан го одбил Јунајтед од една причина, чека повозбудлива работа, а има две желби – или клупата во ПСЖ или селекторскатља фотелја кај француската репрезентација објави британскиот сервис.
Зизу во моментов е без работа откако си замина од „кралскиот клуб“, каде во првиот мандат работеше од 2016 до 2018 година кога освои една титула во Ла Лига и три во ЛШ, а потоа се врати на клупата во 2019 година и освои уште една шампионска титула во шпанското првенство.