Џ.К. Роулинг тврди дека три лица ја споделиле нејзината адреса на интернет.
Авторката на „Хари Потер“ го обвини триото за „доксинг“ – јавно откривање на приватни лични информации, откако минатата недела откри дека адресата на нејзиното семејство била објавена на социјалните мрежи.
Но, писателката вели дека не е заплашена од таквиот потег бидејќи таа добивала толку многу смртни закани што би можела да ја „наполни куќата со нив“.
Во серија твитови, Роулинг – која претходно беше критикувана од некои во транс заедницата откако ги вознемири со фразата „луѓе кои имаат менструација“ – напиша: „Минатиот петок, адресата на моето семејство беше објавена на Твитер од тројца актери активисти кои се фотографираа себеси пред нашата куќа, и внимателно се позиционираа за да бидат сигурни дека нашата адреса е видлива.“
„Сакам да им изразам огромна благодарност на сите што ја пријавија фотографијата на Twitter Support. Вашата добрина и пристојност направија разлика кај моето семејство и кај мене. Исто така, би сакала да се заблагодарам на Police Scotland за нивната поддршка и помош во овој случај.“
„Ги замолувам луѓето кои ја ретвитнаа фотографијата со адресата што и понатаму е видлива, дури и ако го направиле тоа во знак на осуда на постапката на овие луѓе, да ја избришат.