Елјиф Елмас и Наполи загубија на гостувањето кај Спартак Москва со 2-1 во 5. коло од Лигата на Европа. Македонскиот репрезентативец беше единствениот расположен фудбалер на гостите на овој меч.
Домаќините поведоа со двата гола на Соболев од пенал во 3. минута и во 28. минута. Со предност од 2-0 Русите заминаа на пауза. Во вториот дел Елјиф Елмас во 64. минута намали на 2-1, но тоа беше се што можеше сам да направи.
Со овој пораз Наполи си го стави во знак прашање пласманот во нокаут фазата во Лигата на Европа.
За Елмас ова е втор погодок во дуелите против Спартак, откако Дијамантот погоди и на првата средба што се играше во Неапол. Тогаш Елмас даде гол по само 11 секунди игра,што е историски најбрз погодок за една италијанска екипа во историјата на Лигата на Европа.
ELMAS!!! Let’s gooooo, beauty of a pass by Petagna, now we are talking! 💙🤍 pic.twitter.com/tAOI2SlZyH
— Dσɱ 🎧 (@DomDiNapoli106) November 24, 2021