Жезус: Вакво промашување немам видено во мојата 30 годишна тренерска кариера

Бенфика имаше шанса да ја нокаутира Барселона, но Харис Сеферовиќ не ја погоди празната мрежа во 93. минута од непосредна близина. Со испратената топка покрај празниот гол Сеферовиќ го фрли на колена својот тренер Жорж Жезус. Искусниот Португалец не можеше да поверува што промаши швајцарскиот репрезентативец. Тимот од Лисабот пропушти прилика да ја победи Барселона на „Камп Ноу“ и да се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите.

-Разговарате со потполно уништениот Жорж Жезус. Тренер сум 30 години и никогаш не сум видел мој играч да го промаши ваква шанса како тоа што го стори Сеферовиќ. Тоа беше речиси невозможно да се промаши. Но, фудбалот е таков, што да се прави… Да победевме, сега се ќе имавме во свои раце. За жал, сега тоа не е така, изјави Жезус.

На Бенфика во последното коло и потребно да го победи Динамо Киев на домашен терен, а Баерн да не загуби од Барселона во Минхен.

-Кога зависиш од другите, тоа речиси никогаш не испаѓа добро на крајот. Се надевам дека Баерн ќе покаже почит во последното коло и дека ќе игра со најсилниот тим против Барселона. На тој начин би ни помогнале. Натпреварот во Минхен ќе се игра без публика? Ете, и тука сме хендикепирани. Можеби тоа веќе ни е некој знак. Но, ние мораме да го направиме она што е до нас и да ја завршиме работата. Ако Баерн биде сериозен, ќе победи. Со помала или поголема разлика.

Дали верува во пласман во следната фаза?

-До денес верував. Бев убеден дека можеме да ја победиме Барселона и тука. Знам колку вредиме. Сега не знам дали ќе имаме помош од трет тим во последното коло.

Колку е задоволен од играта против Барселона?

-Ни помалку, ни повеќе. Но, дефинитивно е еден од натпреварите во кои патев најмногу на крајот. Мислам дека она промашување на Сеферовиќ… Бевме силни во дефанзива, но ни недостасуваше индивидуален квалитет во офанзивата. Рафа Силва, Евертон и Жоао Марио не го правеа она што обично го прават. Но, дефанзивата морам да ја пофалам.

Треба да знаете
Последни објави